недела, 27. септември 2020. Вести денес: 16
home ТВ и Филм

Роберт де Ниро и Машин-ган Кели во новиот филм на Рендал Емет

Роберт де Ниро и Машин-ган Кели во новиот филм на Рендал Емет

Роберт де Ниро, Машин-ган Кели и Џон Малкович ќе глумат во новиот филм на режисерот Рендал Емет – „Wash Me In The River“ (Избањај ме во реката).

Режисерот посебно го истакна задоволството од претстојната соработка со раперот Машин-ган Кели (чие вистинско име е Колсон Бејкер).

-Многу сум повозбуден што повторно ќе работам со Боб (Де Ниро), по толку многу соработки, вклучувајќи го тука и „Ирецот“ како продуцент. Јас сум толку благодарен што тој сега ме поддржува и како режисер. Колсон, инаку, секогаш беше мојот прв избор како главна улога во филмот, а Џон е мој идол уште од детството. Да се ​​имаат тие двајца, заедно со Боб е остварување на мојот сон, изјави Емет.

Ова е втор режисерски проект на Рендал Емет, по филмот „Midnight in the Switchgrass“ којшто е во постпродукција. Бил и продуцент во над 110 филмски и ТВ-проекти. (МИА)

Коронавирус