вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Ретко кој знаеше дека е бремена: Македонската водителка се породи на Бадник, бебенцето доби уникатно име! (ФОТО)

Ретко кој знаеше дека е бремена: Македонската водителка се породи на Бадник, бебенцето доби уникатно име! (ФОТО)

Како со свршувачки, така и со новородени бебиња почна Новата 2018 година.

Водителката на емисијата „Фолк естрада“, Криси Тимовска за првпат се оствари во улогата на мајка.

Криси не од оние активните на социјалните мрежи, па само малкумина знаеја дека таа е во блажена состојба и чека бебе.

Убавата вест, дека се породила и на свет донела девојче ја сподели на фејсбук за големиот празник Бадник, па наместо да се пофали со паричка, таа обелодени нешто поголемо.

Бадниковата вечер не можела да биде поубава за неа и нејзиното семејство, со доаѓањето на малечкото бебенце кое доби модерно име – Ирис.

Инаку, Криси и својот сакан Васил се венчаа кон почетокот на месец октомври 2016 година.

Убавата водителка ја познавате цел живот: Како девојче играше во најмакедонската реклама (ФОТО)

Како да беше вчера кога за првпат ја погледнавме рекламата за „Купувајте македонски производи со сонце“, во која главна улога имаше малечко и слатко девојченце.

Оттогаш поминаа цели 17 години, а малата дама порасна, се омажи, стана водителка…

Неодамна Криси се присети на детството и искуството пред камери уште од мали нозе, па на своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи им откри дека таа е девојченцето од рекламата, а повеќето реагираа изненадено.

-Поминаа 17 години, а јас уште вака слатка, напиша водителката.

Коронавирус