четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Пророштво на „Симпсонови“: Го предвидоа Трамп и нападот од 11 септември 2001?

Пророштво на „Симпсонови“: Го предвидоа Трамп и нападот од 11 септември 2001?

Цртаната серија „Симпсонови“ го забавува светот веќе 30 години и една од најзагадочните тривијалности околу ова шоу е тоа дека неколкупати, преку сатирата или некоја споредна случка, предвидуваат значајни настани на кои светот ќе стане сведок многу подоцна.

Така, на пример, Доналд Трамп, кој стана претседател на САД 2016 година, во ТВ серијата е прикажан како таков 15-на години претходно. Ова е, секако, и плодна почва за љубителите на теориите на заговор… Но, како настануваат овие „предвидувања“?

– Во светот се случуваат толку многу настани, што ние веќе сè почесто се собираме и разговараме за тоа, објаснува сценаристката Стефани Гилис за Би-би-си.

Така „го предвиделе“ претседателот Трамп, епидемијата со ебола, како и настапот на Лејди Гага на Супербоул финалето во американско рагби.

– Седите во соба со уште 10 – 20 духовити луѓе… Па кога Трамп ќе направи нешто глупаво, луѓето говорат за тоа и се шегуваат. Да, многу ни е забавно, вели Ал Џин.

Тој е во тимот сценаристи уште од 1989 година, односно од самите почетоци на серијата.

Приказната во некоја епизода произелува токму од тие разговори, поточно од актуелноста на некој настан или некоја личност… Тој вели дека тоа е како групна психотерапија.

– Кога во 2000-тата разговаравме за тоа – која славна личност би можела да стане претседател на САД, на ум ни дојде Трамп, се потсетува Ал.

Во една епизода претходно пак, семејството Симпсонови пристигнуваат во Њујорк, а притоа, сé некако потсетува на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, што се случи потоа.