понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 50
home ТВ и Филм

ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „ОЧАЈНИ ДОМАЌИНКИ“: 20 години по првото емитување, познатите дами се враќаат на ТВ екраните

ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „ОЧАЈНИ ДОМАЌИНКИ“: 20 години по првото емитување, познатите дами се враќаат на ТВ екраните

Дваесет години по премиерата на првата епизода од популарната серија „Очајни домаќинки“, се чини дека 2022 година би можела да биде годината во која на екраните ќе се вратат новите авантури на навидум совршеното соседство – Вистерија Лејн.

Иако долго време се зборуваше за можно продолжение, на новогодишната ноќ официјалниот Твитер профил на серијата со симболична објава ги потврди шпекулациите.

Очајно ја чекаме 2022 година, напишаа со фотографија од главната актерска екипа.

Ева Лонгорија, која ја играше Габриела Солис, уште во октомври изјави дека е планирано повторно прикажување на серијата и дека таа ќе биде првата што ќе се пријави за учество во новите епизоди.

Инаку, оваа серија имаше осум сезони, а ги следеше навидум здодевните, а всушност многу возбудливи животи на група жени кои живеат во навидум „совршена“ населба која крие многу тајни, злосторства, романси и семејни конфликти.

– Иако приказната за серијата се раскажува според планираното до самиот крај, ние сè уште разговараме за можностите кои ни се нудат. Мислиме дека имаме уште многу да направиме и да кажеме. Затоа, сигурен сум дека ова е само нов почеток за „Очајни домаќинки“, рече Лонгорија.

Коронавирус