понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Премиерно гледајте го „Медена Земја“ – македонскиот документарец кој испиша историја! (ВИДЕО)

Премиерно гледајте го „Медена Земја“ – македонскиот документарец кој испиша историја! (ВИДЕО)

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и официјално доби две номинации за престижната филмска награда „Оскар“, што ја доделува Американската академија за филмска уметност – за документарен филм и за филм од неанглиско говорно подрачје.

„Медена земја“ (Honeyland) е прв македонски филм што успеал да биде номиниран во две категории на најпрестижните филмски награди во светот.

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата 85-годишна полуслепа мајка во централна Македонија, во селото Бекирлија, југозападно од Овче Поле. Атиџе ги почитува правилата на природата и половина од медот кој го произведуваат пчелите го зема за себе и го продава во Скопје, на пазарите, а половина им остава на пчелите. Со парите кои ќе ги заработи ја прехранува мајка си. Двете живеат во една стара, трошна куќа, без струја и вода. И тоа одлично функционира се додека не дојде едно семејство номади и сточари во селото.

Деветчленото семејство мора да се прехрани и таткото Хусеин решава да одгледува пчели исто како и Атиџе, сметајќи на брза и лесна заработка. Притиснат од гладните усти на седумте деца потклекнува на притисокот на препродавачот кој го форсира да го продаде сиот мед што ќе го произведе. Хусеин не ги следи препораките на Атиџе, ниту пак го слуша мислењето на еден од синовите кој му вели дека мора да остави мед за пчелите, ако сака тие да произведат повеќе.