понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Познато е кој ќе биде првиот ЛГБТ-суперхерој на Марвел

Познато е кој ќе биде првиот ЛГБТ-суперхерој на Марвел

Продукциската куќа Марвел го откри својот прв ЛГБТ-суперхерој, што ќе се појави во наредниот, четврти „Тор“ филм. Се работи за ликот Валкири што го глуми Теса Томпсон.

Љубителите на Марвел-стриповите веќе знаат за Валкири – дека таа е бисексуалка, но во досегашните филмови, таа се криеше.

Во „Тор 2“ дури била и исфрлена сцена каде што таа станува од кревет во којшто има друга жена.

Според Марвел, ЛГБТ-ликови ќе има и во филмот „Бесмртните“, кој е во фаза на снимање, но засега не се откриваат детали.