недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 99
home ТВ и Филм

Познато е кога ќе се доделува следниот „Оскар“ 

Познато е кога ќе се доделува следниот „Оскар“ 

Организаторите на „Оскарот“ соопштија дека следното доделување на овие филмски награди ќе се случи кон крајот на март 2022 година, еден месец подоцна од предвиденото. Тие најавија и дека повторно ќе може да се натпреваруваат и филмови објавени на стрим-платформите.

Во соопштението на американската Академија за филмски уметности и науки, се вели дека доделувањето на Оскарите за 2022 година ќе се одржи на 27 март, на традиционалното место – холивудскиот Долби театар.

Причината за промена на датумот официјално, не е објавена. Но, претпоставките говорат дека организаторите не сакаат да се борат за телевизиската публика со Зимските олимписки игри и „Супербол“ финалето на американското рагби, коишто се одржуваат во февруари.

Оскарите оваа година беа преместени од февруари во април и, исто така – поради пандемијата, беа пренесувани и од познатата железничка „Јунион“ станица во Лос Анџелес, покрај Долби театарот.

ЕУРО 2020

Македонија