вторник, 24. април 2018. Вести денес: 27
home ТВ и Филм

Пожарникар загина на местото на снимањето на филм со многу холивудски ѕвезди (ФОТО)

Пожарникар загина на местото на снимањето на филм со многу холивудски ѕвезди (ФОТО)

Пожарникар загина, а двајца негови колеги се повредени на местото каде што се снима новиот филм „Motherless Brooklyn“ со Брус Вилис во главната улога.

Мајкл Дејвидсон (37), инаку татко на четири деца, бил еден од 175-те пожарникари ангажирани за гаснење на пожарот во зграда во Менхетн. Но, тој се издвоил од своите колеги, и откако пожарот бил изгаснат, бил пронајден со знаци на живот и префрлен во болница, каде подоцна починал.

Пожарот го забележал холивудската ѕвезда Едвард Нортон, кој глуми и е режисер на филмот. Во филмот се појавуваат Брус Вилис, Вилијам Дефо, Алек Болдвин, Анџелика Гилен и многу други познати глумци.

Пожарот во зградата бил изгасен во 2:30 часот по локално време.