сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Поранешната прва дама на САД има нова професија: На овој начин ќе ги едуцира децата за здрава исхрана

Поранешната прва дама на САД има нова професија: На овој начин ќе ги едуцира децата за здрава исхрана

Мишел Обама, поранешната прва дама на САД, ќе биде ѕвезда и извршен продуцент на емисијата „Waffles+Mochi“, која ќе започне да се емитува на 16 март.

Говорејќи за ова кулинарно шоу, Мишел Обама објасни дека нејзината содржина ќе биде наменета за децата. Имено, во неа ќе се појават две кукли со симболични имиња: „Вафли“ и „Мочи“, а таа наводно ќе биде сопственик на маркет. Ова шоу всушност ќе го покаже нивното „патување“ на кое се обидуваат да станат готвачи.

-Заедно со пријателски лица како сопственичката на супермаркет Мишел Обама, во претставата ќе се појави и магична летечка корпа како водич. Сепак, главни ликови ќе бидат „Вафли“ и „Мочи“ кои ќе го пропатуваат светот низ шоуто, ќе се запознаваат со странските кујни, ќе играат со разни зачини, ќе готват со познати готвачи, деца, но и со познати личности, велат од компанијата „Нетфликс “.

Темата на шоуто е поврзана со слоганот на Обама „Ајде да се движиме“, а токму овој слоган ја одбележа нејзината кампања за јавно здравје, чија цел беше борба против дебелината кај децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix Family (@netflixfamily)

ЕУРО 2020

Македонија