вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Поради новите контроверзии: Се повлекува епизодата на „Симпсонови“ во која го има гласот на Мајкл Џексон (ВИДЕО)

Поради новите контроверзии: Се повлекува епизодата на „Симпсонови“ во која го има гласот на Мајкл Џексон (ВИДЕО)

Епизодата на популарната анимирана серија „Симпсонови”, во која Мајкл Џексон го позајми својот глас на еден човек, ќе биде повлечена во екот на појавата на новите контроверзии околу пејачот, изјави извршниот продуцент на серијата во четвртокот.

Џејмс Л. Брукс рече дека таа одлука ја донел заедно со креаторите на серијата, Мет Гренинг и Ал Жан, откако го гледале документарниот филм Leaving Neverland, кој ја имаше својата премиера во САД во неделата, а во него двајца мажи тврдат дека со години биле сексуално злоупотребувани од страна на Џексон.

-Луѓето со кои работам, со кои го поминав животот расправајќи се за шеги, беа единствени околу тоа, рече тој.

Оваа епизода беше недопрена и покрај тоа што низа години се зборуваше дека Џексон, кој почина во 2009 година, сексуално злоупотребувал деца, но Брукс вели дека документарецот е толку уверлив што ги принудил да го сменат мислењето.

Џексон му даде глас на ликот Леон Комповски во епизодата од 1991 година Stark Raving Dad. Тоа беше првата епизода од третата сезона во која Хомер Симпсон е во психијатриска болница и ја дели собата со Леон, кој тврди дека е Мајкл Џексон.

„Почна постапката за отстранување на оваа епизода“, изјави Брукс.