вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 61
home ТВ и Филм

Поповиќ има идеја: Која е пејачката која ќе ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“, а е скарана со Цеца?

Поповиќ има идеја: Која е пејачката која ќе ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“, а е скарана со Цеца?

Проблеми во „Ѕвездите на Гранд“ откако Ана Бекута објави дека се повлекува од јавноста по смртта на нејзиниот парнер Милутин Мркоњиќ.

Бекута преку соопштение до јавноста најави дека ги откажува сите настапи закажани во декември, сите интервјуа, емисии и програми во кои требало да учествува.

Саша Поповиќ и продукцијата сега треба да најдат замена за нејзиното место во музичкото шоу, а прва на листата, како што пишуваат српските медиуми, е пејачката Мира Шкориќ.

-Мира работеше со кандидатите на другите ментори, таа ги подготвуваше за натпреварувањето. Желба на Саша е таа да ја замени Бекута бидејќи мисли дека ќе биде одлична за шоуто. Цеца и Мира не разговараат па поради тоа се верува дека емисијата ќе биде побозбудлива и динамична, но и дека ќе привлече повеќе гледачи. Сепак Саша прво мора да поразговара со Цеца, но и со Мира која не сака многу да се појавува во јавноста. Таа секогаш избегнувала скандали и медиуми, а ова би ја вратило во интересот на јавноста. Сите медиуми пишуваат за односот меѓу неа и Цеца, открицва извор.

Неколку емисии со Ана Бекута веќе се снимени.

Коронавирус