понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 75
home ТВ и Филм

Почина Бернардо Бертолучи, режисер на легендарниот филм „Последниот император“

Почина Бернардо Бертолучи, режисер на легендарниот филм „Последниот император“

Почина Бернардо Бертолучи, чиј легендарен филм „Последниот император“ освои девет Оскари и кој влијаеше на генерации филмаџии со други важни дела како „Конформистот“ и „Последното танго во Париз“, во кои ги истражуваше политиката и сексуалноста преку лично раскажување и смела камера.

Тој почина на 77 години. Неговата публицистка, Флавија Скиави, рече дека Бертолучи починал утрово околу 7 часот од рак.

Најголемиот италијански автор во својата генерација, Бертолучи успеа да работи и во Европа и во Холивуд, иако неговиот однос со студијата имаше свои подеми и падови. Но дури и кога работеше во рамките на системот на студијата, Бертолучи секогаш успеваше да направи филмови што се сметаа за проекции на неговиот внатрешен свет, вели „Вараети“.