петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 12
home ТВ и Филм

По згаснувањето на „Ексклузив“ на „1 ТВ“, еве каде е и што работи водителот Стефан Лазаров (фото)

По згаснувањето на „Ексклузив“ на „1 ТВ“, еве каде е и што работи водителот Стефан Лазаров (фото)

До пред некој месец на „1ТВ“ имавме прилика да го гледаме естрадниот магазин „Ексклузив“ каде водители беа Стефан Лазаров и Николина Славковска кои подготвуваа најразлични содржини од светот на шоубизнисот.

Шпекулации, интервјуа, гости,  естрадни уметници, анктети беа дел од содржината на магазинот кој одеше во етер секој ден на спомантата телевизија.

Но, откако се исклучија камерите и згасна естрадниот магазин, водителите си го најдоа својот пат за да продолжат понатаму. Нина не отиде во телевизија односно се врати на својата стара љубов односно танцот.

Додека пак нејзиниот колега Стефан не се откажува од својата водителска кариера, па својата кариера ќе ја гради во друга телевизија.

Имено, Стефан е дел од екипата на утринската емисија „Добро утро, секое утро“ на Алфа тв, а негова колешка е водителката Анастасија Деа Богдановска.

Стефан на својот „Инстаграм“ сподели фотографија и покажа дел од новото работно студио и утринската атмосефера во телевизијата.

За потсетување, Стефан ја сними и својата прва песна под наслов „Hola mamacita“ која може да ја слушнете на линкот.

Извор: vistina.com.mk