сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 42
home ТВ и Филм

По завршувањето на петтата сезона на „Преспав“ гледачите прашуваа дали ќе има наредна – еве го одговорот…

По завршувањето на петтата сезона на „Преспав“ гледачите прашуваа дали ќе има наредна – еве го одговорот…

Петтата сеозна на македонскиот ситком „Преспав“ започна да се емитува на 18 декември, крајот од минатата 2020 година.

Погледнавме 20 незаборавни и урнебесни епизоди од незгодите во пансионот „Преспав“, а имавме прилика и да видиме нови улоги и актери, како што е стилистката Натали или актерката Наташа Петровиќ, но се врати и актерот Владо Јовановски. Потоа, како актерка гостинка се проба и пејачката Сара Мејс, а како репортерка манекенката Катарина Ивановска.

Исто така доста впечатлива беше и улогата на актерката Драгана Левенска во епизодата „Отворен брак“.

Со последната 20-та епизода заврши и петтата сезона која се прикажуваше на првиот канал на Македонската телевизија, а пак по крајот, оваа нова и последна сезона се репризира на истата фреквенција.

Очекувано и логично се наметна прашањето од бројната публика дали ќе има продолжение и ќе се снима наредна шеста сезона. Одговорот на ова прашање за српски „Блиц“ го даде Тијана Дапчевиќ или Германката и газдарица Ула.

-Од септември ќе започне шеста сезона, а петта ќе се репризира до декември. Продукциската куќа од Бугарија дојде на идеја да откупи четири сезони, сега и петта, па се емитува таму и во БиХ, многу ја сакаат, многу е популарна. Во Србија не стигна, никој нема слух за неа, открива Тијана.

За потсетување, преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петтата сезона имаа незгода, односно пансионот се запали.

Дали ќе успеат да го спасат или ќе изградат нов, оставуваат прашалници за наредните нови епизоди.

ЕУРО 2020

Македонија