вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Овој филм ја има најкрвавата сцена во историјата на хорор филмовите (ВИДЕО)

Овој филм ја има најкрвавата сцена во историјата на хорор филмовите (ВИДЕО)

Кога во 2017-та година се појави хорор филмот “It”, тој ги собори сите рекорди на заработувачка. Сега доаѓа и неговото продолжение – “It 2”, а една од главните улоги ја има актерката Џесика Честејн која гостувала во ток шоуто на Џими Фалон.

Поради она што го изјавила, обожавателите на хорор филмовите сега имаат големи очекувања од продолжението.

“Океј, ќе кажам нешто и мислам дека ќе западнам во неволја поради тоа, но ќе го кажам сеедно”, започнала Честејн.

“Ова би можело да биде спојлер, но во филмот има сцена за која некој на снимањето кажа дека во неа има најмногу крв отколку во било која сцена во некој хорор некогаш”, додала актерката.

“И ќе ви кажам, следниот ден вадев крв од очните јаболкници”.

Инаку, веќе се зборува дека продолжението на овој класик помеѓу хорорите ќе биде многу пострашен од првиот дел.

“Тоа е приказна за детството, детската љубов, но и за смртта на едно детство. Секако, тоа е симболично бидејќи кога Пенивајз (кловнот-убиец) раскажува како тој јаде светови, зборува за уништување на светот на мечтата и магијата”, објасни режисерот Енди Мушиети за “Independent”.