недела, 9. мај 2021. Вести денес: 44
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home ТВ и Филм

Овие двајца холивудски заводници ќе ги водат Оскарите

Овие двајца холивудски заводници ќе ги водат Оскарите

Овогодишното доделување е закажано за 25 април, а на листата на презентери се наоѓаат големи актерски имиња како Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд, Рис Витерспун, Анџела Басет, Бонг Џун-хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Реџина Кинг, Марли Матлин, Рита Морено и Зендеја.

Американската академија за филмски уметности и науки го објави списокот на актери и познати личности кои ќе бидат домаќини на 93-та церемонија на доделувањето на Оскарите на 25 април во Долби Хол во Лос Анџелес, вклучувајќи ги sвездите Харисон Форд, Бред Пит и Хали Бери.

Домаќин на Оскаровата вечер ќе биде Глен Вајс, познат експерт за ваков тип настани, но со помош на режисерот Стивен Содерберг, кој е одговорен за продукцијата.

Академијата објави дека 93-тата церемонија традиционално ќе се одржи во салата Долби во Лос Анџелес, но ќе има вклучувања и од други места.

Испратено е писмо до сите номинирани барајќи нивно физичко присуство на церемонијата.

„Ќе се обидеме да обезбедиме пријатна и безбедна вечер за сите што ќе бидат физички присутни, како и за милиони љубители на филмот ширум светот“, соопштија организаторите, додавајќи дека на самото место ќе има тестови за коронавирус.

Оваа година, филмот „Менк“ на Дејвид Финчер, во кој глуми Гери Олдман, стана фаворит за Оскар затоа што освои најмногу, 10 номинации за таа филмска награда.

Коронавирус