вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Откриено кој ќе ја игра улогата на новиот „Бетмен“

Откриено кој ќе ја игра улогата на новиот „Бетмен“

Ворнер Брос го најави новиот „Бетмен“ филм кој ќе излезе 2021 година, но без Бен Афлек во главната улога. Според „Варајети“, него најверојатно ќе го замени Роберт Патинсон, најпознат по филмовите „Самрак“.

Режисерската палка ќе му припадне на Мата Ривс, а се очекува снимањето на филмот да почне во ноември.

И самиот Афлек, од кого Ривс ја презеде должноста, на Твитер објави дека е „возбуден поради новиот филм и едвај чека да ја види визијата“ на неговиот наследник како режисер.