четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Откриена мистеријата: Вака изгледа познатата „мама две чевли“ од Том и Џери (ФОТО)

Откриена мистеријата: Вака изгледа познатата „мама две чевли“ од Том и Џери (ФОТО)

Том и Џери е еден од најпознатите цртани филмови во историјата. Првата епизода е емитувана во 1940 година.

Покрај мачката и глушецот, во цртаниот се појавува уште еден лик, но не целосно. Наскоро овој лик беше наречен „Мама“, односно „Мама две чевли“.

Инаку, „мама две чевли“ е жена од афроамеричко потекло во чиј дом живее мачорот Том, а таа го храни и чува, но понекогаш и го брка.

Анимираниот лик на мама никогаш не беше прикажан, но затоа знаеме кој го позајми нејзиниот глас.

Тоа е Лилијан Рандолф, американска актерка и пејачка која беше активна на телевизија уште од 1930-тите до последниот ден од нејзиниот живот.