недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 100
home ТВ и Филм

Oстануваат уште неколку епизоди до крајот на 4та сезона на „Забрането јаболко“: Eден лик ќе почине во серијата, еве кој

Oстануваат уште неколку епизоди до крајот на 4та сезона на „Забрането јаболко“: Eден лик ќе почине во серијата, еве кој

Се наближува крајот на 4та сезона на турската серија „Забрането јаболко“ која секој ден ја гледаме на Канал 5 телевизија во 22часот.

Крајот ќе има неочекуван расплет.

Имено, во последните неколку епизоди ќе има пресврт на настаните.

Братот на Шахика и поранешниот сопруг на Ендер Челиби, Каја Екенчи ќе се врати во серијата наводно да за и помогне на својата сестра која ќе сака да се разведе од Хасан Али, а за тоа ќе ја обвини Ендер.

Иако, Шахика ќе инсистира да го убеди Каја да и се одмазди на Ендер, сепак тоа нема да се случи.

Меѓу популарната двојка повторно ќе се родат емоциите, па тие на крајот ќе останат заедно, односно Ендер ќе го запроси Каја.

Од друга страна, Шахика ќе почине во серијата, односно ќе биде убиена од страна на Џансу која ќе сака да им се одмазди на сите, па кога ќе пука ќе ја погоди Шахика и таа ќе почине.

Хасан Али ќе подготвува интриги против Каја, па Ендер, Илдиз и Каја ќе се здружат за да разоткријат Хасан Али.

Последната сезона ќе заврши така што две девојки маскирани во Илдиз и Ендер ќе заминат во домот на Хасан Али да го отворат сефот, но кога ќе дојде тој ќе види дека не се тие.

Тогаш ќе се појават вистинските Ендер и Илдиз, а епизодата завршува како експлоадира бомба во Хасан Али, Ендер и Илдиз додека се во куќата на претседателот Хасан Али.

Продукцијата најави и петта сезона која ќе започне во октомври.

ЕУРО 2020

Македонија