среда, 24. април 2019. Вести денес: 43
home ТВ и Филм

Омилениот актер се враќа на екраните со овој извонреден филм (ВИДЕО)

Омилениот актер се враќа на екраните со овој извонреден филм (ВИДЕО)

Откако долго време работеше на филмови, актерот Ричард Гир се враќа на малите екрани со новата драма на BBC Two насловена „MotherFatherSon“.

69-годишниот добитник на Златен глобус играше во „Kojack“ in 1976, како и во „And the Band Played On“ (1973). Исто така бил дел од неколку документарци снимани за ТВ, како документарнито серијал „Cosmos“ од 2014 година.

Меѓутоа, со „MotherFatherSon“ Гир се враќа на сериите на голема врата.

Макс, неговиот лик во серијата, е харизматичен американски бизнисмен кој сам ја стекнал неговата медиумска империја. Тој и неговата поранешна сопруга Кетрин (Хелен Мекрори од „Peaky Blinders“) имаат 30-годишен син, Кејден (Били Хаул), кој се надева дека ќе го наследи бизнисот од татко му во Велика Британија.

Засега е објавен само трејлерот за првата сезона, а датумот за премиера ќе биде дополнително објавен.