вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home ТВ и Филм

Одлучено: Доделувањето на Еми наградите ќе се одржи онлајн

Одлучено: Доделувањето на Еми наградите ќе се одржи онлајн

Ден по објавувањето на номинациите за наградата Еми, Телевизиската академија ги информираше  номинираните дека свеченоста во септември ќе се одржи онлајн поради пандемијата со Ковид-19.

Ваквата објава е очекувана со оглед на ограничувањата и забраните кои се воведени.

Доделувањето на Еми наградите, телевизискиот еквивалент на Оскарите, еќе се одржи на 20 септември и ќе биде прва голема холивудска приредба од почеток на корона кризата.

Водител на програмата ќе биде познатиот Џими Кимел. Организаторите на онлајн доделувањето најавуваат топла програма со многу човечност.

Номинираните претходно ќе бидат снимени во своите домови или на други локации. Што се однесување до облеката, на номинираните ѕвезди им е дозволено сами да одлучат што ќе облечат со оглед на околностите.

Коронавирус