среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Од овие фотографии ќе се уплашите: Како би изгледал Хомер Симпсон ако е вистински човек? (ФОТО)

Од овие фотографии ќе се уплашите: Како би изгледал Хомер Симпсон ако е вистински човек? (ФОТО)

Ликот на Хомер Симпсон не се изменил многу изминативе 29 години и неговите фанови се задоволни и среќни поради тоа.

Но, додека Хомер на некој интересен начин е симпатичен, ова сигурно нема да ви се допадне.

Уметникот Мигел Васкез го нацртал Хомер како вистински, жив лик и со тоа преплаши многумина.

Човекот кој би бил Хомер во вистинскиот живот има, како и ликот, големи очи, широка уста, а на главата му се наоѓаат ситни уши и малку коса.

Иако повеќето се согласиле дека делото на овој уметник е неверојатно, сепак на многумина им предизвика ноќна мора, па на Твитер се пожалиле.

-Супер, сега се плашам од Хомер Симпсон! Ова ужасно ме вознемири, ќе имам ноќни мори – се само некои од коментарите.