недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 74
home ТВ и Филм

Обвинете за педофилија и најпознат јутубер на Балканот замина во историјата?!

Обвинете за педофилија и најпознат јутубер на Балканот замина во историјата?!

После аферата со малолетнички, поради што изгуби многу спонзори, најпознатиот балкански јутјубер Бака Прасе објави видео кое го нарече „Моето последно видео“.

Во најавата тој напиша дека „си заминува“ и додаде дека мора да размисли што ќе прави понатака бидејќи му е доста од скандали и расправии. „Морам да размислам што ќе правам во животот“, рече Богдан Илиќ во 13 минутното видео.

„Секакви работи пишуваа и за се ме обвинуваа, но јас знам дека не сум педофил, дека никој не силував, дека никого не присилив на ништо, никој не искористив, иако сум измамен“…„Не знам ни со кој се карам“, вели Богдан на крајот од видеото.

„Пошироката јавност ме осудува зошто живеам онака како што секој во моите години би живеел. Ако некој каже дека не би живеел вака, лаже. На 23 години да се занимаваш со јавна работа и да заработуваш 100.000 евра плус, секако дека би ги трошел тие пари и би го живеел максимумот“, вели Богдан истакнувајќи дека никогаш не рекол за себе како треба да е „пример или светец“.

„Ниту се трудам тоа да бидам, но од мене се очекува тоа и на некој му смета што ги трошам своите пари. И што сакам убави и згодни жени! Поради тоа нема никому да се извинам“ вели 23-годишниот јутјубер.

„Сега ви се обраќам вам, мојата Институција која стои покрај мене, луѓето кои се покрај мене и кога се најголемите сра*а, ви благодарам од срце, не го кажувам ова често… Неверојатно многу ми значи се што правите за мене од ден за ден и знам дека ќе ја разберете оваа моја одлука, дека морам да размислам што ќе правам понатака, дали мојата иднина е Јутјуб или нешто друго… Ова толку многу ме поремети, натера да размислам дека мора да се совземам, морам многу убаво да размислам што понатака“, рече јутјуберот и уште еднаш им се заблагодари на фановите и им порача дека сите ги сака.

Сепак, во описот на видеото нагласил „200.000 лајкови и можеби ќе се вратам“.

Јутјуберот се најде во центарот на негативното внимание откако во јавноста се појавија „скриншотови“ од неговото допишување со 14-годишно девојче кое го наговарал да му праќа голи фотографии и да има односи со него.

Бака Прасе, односно Богдан, девојката потоа ја нарекол „наркоманка која мора да си ги избричи веѓите“ и најавил дека ќе ја тужи на суд. Тој се обидува да се одбрани со изјави како, „постојано имам односи со девојки кои лажат за својата возраст“.

Бодан Илиќ на Јутјуб има речиси 2 милиони следбеници.

Коронавирус