среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Обожаватели на „Џејмс Бонд“ бараат одложување на премиерата на новиот филм

Обожаватели на „Џејмс Бонд“ бараат одложување на премиерата на новиот филм

Обожаватели на серијалот „Џејмс Бонд“ во отворено писмо побараа одложување на првото прикажување на новиот филм „Не е време за умирање“ (No Time To Die). Причината е стравот од новиот коронавирус.

Европската, односно лондонската премиера е закажана за 31 март, а американската – за 10 април. По тој повод, обожавателската страница „MI6-HQ“ објави јавен повик студијата МГМ и Јуниверзал да го одложат прикажувањето на филмот.

„Време е филмските судија да го стават јавното здравје пред маркетинг-термините и тоа – колку откажувањето ќе чини“, се вели во написот.

Државите што се најмногу погодени од коронавирусот, веќе воведуваат забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе. Италија и Кина на пр., ги затворија кината во своите црвени зони обележани поради вирусот.

Коронавирус