сабота, 24. август 2019. Вести денес: 60
home ТВ и Филм

Објавени номинациите за „златни малини“- ова се најлошите филмови и актери

Објавени номинациите за „златни малини“- ова се најлошите филмови и актери

Номинациите за „златни малини“ – „признанијата“ за најлоши филмски достигнувања во годината, се официјално објавени.

Во веројатно најнепријатната категорија – онаа за најлош филм, ќе се натпреваруваат пет проекта: биографскиот „Готи” со Џон Траволта, комедиите „Среќни убијци” и „Холмс и Вотсон”, засега последната екранизација на „Робин Худ” (со Тарон Еџертон и Џејми Фокс) и хоророт „Винчестер”.

Номинирани за најлоша женска улога се Џенифер Гарнер, Амбер Хард, Мелиса Меккарти, Аманда Сеејфрид и Хелен Мирен. Kај мажите битката ќе биде меѓу Џони Деп, Вил Фарел, Џон Траволта, Брус Вилис и Доналд Трамп.

Американскиот претседател е „удостоен“ со две номинации за „златна малина” – за улогата во сам себе во филмовите „Смртта на една нација“ и „Фаренхајт 11/9″ на режисерот Мајкл Мур, како и во категоријата „Најлоша филмска двојка”. Неговата сопруга Меланија Трамп, исто така, е номинирана за „Најлоша споредна женска улога”, исто за филмот на Мур.

Овогодишното 39-то издание на Наградите златни малинки, ќе се одржи на 23 февруари, традицинално – ден пред „оскарите“.