недела, 20. мај 2018. Вести денес: 25
home ТВ и Филм

Објавен трејлер за новото продолжение на „Предатор“ (ВИДЕО)

Објавен трејлер за новото продолжение на „Предатор“ (ВИДЕО)

Филмската компанија Фокс објави трејлер за новото продолжение на хорор акцијата „Предатор“.

Судејќи според најавата, вонземските грабливци овојпат се посилни, попаметни и посмртоносни од кога било во 30-годишната филмска сага, поради претопувањето и асимилацијата на други светови, коишто ги освоиле, пред повторно да ја нападнат Земјата.

„Предатор“ е еден од филмовите кои го прославија Арнолд Шварценегер, а во новото продолжение на сагата, главната улога му припадна на Џејкоб Тремблеј. Во филмот уште глумат и Ивон Страховски, Оливија Мун, Лохлин Мунро и Стерлинг К. Баун.

Премиерата е закажана за 14 септември годинава.