сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Објавен новиот трејлер за „Чарлиевите ангели”, кои се згодните актерки во мисија?

Објавен новиот трејлер за „Чарлиевите ангели”, кои се згодните актерки во мисија?

Објавен е новиот трејлер за филмот “Чарлиевите ангели” чија режија ја потпишува Елизабет Бенкс, а во кој улогите ги оствариле Кристен Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балинска.

Во новиот трејлер се гледа познатата сцена: три жени одат во мисија со стил и тешка артилерија. Во филмот, жените ги водат ментори кои себеси се нарекуваат Босли, а Бенкс се појавува како една од нив.

Песната која имаме прилика да ја слушнеме на трејлерот ја изведуваат Мајли Сајрус, Аријана Гранде и Лана Дел Реј. “Чарлиевите ангели” пристигнуваат во кино салите на 15-ти ноември оваа година.