петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home ТВ и Филм

Новите „Истерувачи на духови“ први на Боксофисот во САД

Новите „Истерувачи на духови“ први на Боксофисот во САД

Се чини дека „профитабилниот бизнис“ за ловење духови сè уште привлекува кино публика и по речиси 40 години, објави ДПА.

Новиот филм на „Сони Пикчрс“ – „Истерувачи на духови: Животот потоа“ (Ghostbusters: Afterlife) овој викенд ги надмина очекувањата кај публиката и кино благајните. Новото продолжение заработи 44 милиони долари, поместувајќи го „Вечните“ (Eternals) на „Дизни“ од врвот на американскиот Боксофис.

Четвртиот дел од серијалот се очекуваше да собере 30 до 35 милиони долари првиот викенд, кој беше одложен за повеќе од една година поради пандемијата на коронавирус. „Вечните“ падна на второто место во третиот свој викенд, со 10,8 милиони долари, за вкупна сума од 135,8 милиони долари само во Северна Америка.

Четвртиот филм е во режија на Џејсон Рајтман – син на оригиналниот режисер на „Истерувачи на духови”, Иван Рајтман, а со Пол Рад, Кери Кун, Мекена Грејс, Логан Ким, Селест О’Конор и Фин Волфхард во главните улоги. На „Ротен томатос“ филмот постигна просек од 62 отсто, а „Лос Анџелес тајмс“ го опишал како „непромислен творечки неуспех“ кој „не е начисто со шармот и привлечноста на своите претходници“. На ИМДБ, сепак, оценката засега е 7,8 / 10.

Коронавирус