петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Новиот филм за Џејмс Бонд во режија на Дени Бојл

Новиот филм за Џејмс Бонд во режија на Дени Бојл

Британскиот режисер Дени Бојл ќе го режира 25-тиот филм за Џејмс Бонд, а во улогата на познатиот агент 007, Даниел Крег ќе се појави по петти пат.

Филмот ќе биде направен според сценариото на Џон Хоџ, кој ќе биде прилагоден од Бојл, соопштија продуцентите.

Продукцијата на филмот ќе започне во студијата Пајнвуд во Велика Британија во декември.

Името на новиот филм за Џејмс Бонд се уште е непознато, но се знае дека прво ќе биде прикажан во Велика Британија во октомври следната година, објави Би-Би-Си.