петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 95
home ТВ и Филм

Нова награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Нова награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Теона Стругар-Митевска доби награда за режија за филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на штотуку завршениот филмски фестивал (Fünf Seen Film Festival) во Минхен.

Како што соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“, филмот беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа, а одлуката едногласно ја донело жири составено од филмски професионалци, филмски новинари, публика и институции.
Наградата е парична и во износ од 5.000 евра и ја доделува локалната самоуправа.

Продукцијата информира дека дистрибуцијата на „Петрунија“ во Германија ќе почне во ноември