вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home ТВ и Филм

Николас Кејџ како Николас Кејџ во филм за Николас Кејџ

Николас Кејџ како Николас Кејџ во филм за Николас Кејџ

Холивудскиот актер Николас Кејџ наводно е во преговори да се глуми самиот себе во филм кој го следи него како се обидува да добие улога во новото остварување на Квентин Тарантино.

Филмот „Unbearable Weight of Massive Talent“ е во последната фаза преговори и планови да биде превземен од продукциската куќа Лајонсгејт.

Во остварувањето Кејџ наводно и зборува на егоистичната верзија на самиот себе, која истовремено ја исмева својата идна верзија што не станала позната и што има снимено голем број нискобуџетни филмови.

Ликот на Кејџ се обидува да се избори и со долгови, па прифаќа да се појави на роденденска забава на обожавател и член на мексиканскиот нарко-картел.

Паралелно со сите случување, Кејџ се обидува да ја усреќи својата ќерка тинејџерка.