среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 22
home ТВ и Филм

Нетфликс снима филм за Аркан, познато сценариото и кој ќе го игра него

Нетфликс снима филм за Аркан, познато сценариото и кој ќе го игра него

Познатата американска компанија „Нетфликс“ ќе снима филм за Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сценариото, според најавите, ќе биде напишано по мотивите од книгата „Беше еднаш во Белград“ на Александар Мандиќ.

Таткото на Александар, Миленко Мандиќ Манда бил убиен заедно со Аркан во 2020 година.

-Војин веќе имаше состанок со продуцентите на „Нетфликс“ и се договори се во врска со филмот. Чекаме да помине пандемијата, да се состанеме уште еднаш, да потпишеме договор и да почнеме со снимање. Во мојата книга е опишан само дел од она што се случуваше меѓу мојот татко и Аркан. Луѓето ќе дознаат многу брутални работи за мене и Ражнатовиќ. Со Војин се договоривме се што ќе заработиме од филмот да го проследиме во хуманитарни цели, открива Александар Мандиќ.

Додава и дека во филмот Аркан ќе го глуми токму неговиот син.

-Од „Нетфликс“ предложија Војин да го игра Аркан, а јас мојот Манда, Не смеам многу да откривам за филмот, само ќе кажам дека ќе биде вистинска мафијашка приказна, која ќе биде интересна за гледачите. Војин и јас пред камерите ќе бидеме облечени како нашите покојни татковци, вели Александар.

Се планира филмот, кој има голем буџет, да се снима во Белград и Америка, а потоа најверојатно ќе се прави и мини серија.

ЕУРО 2020

Македонија