недела, 9. мај 2021. Вести денес: 44
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home ТВ и Филм

„Нетфликс“ потпиша повеќегодишен договор со „Сони Пикчрс“

„Нетфликс“ потпиша повеќегодишен договор со „Сони Пикчрс“

Стрим-платформата „Нетфликс“ склучи петгодишен договор со „Сони пикчрс ентертејнмент“ за стрим-правата околу на филмските наслови на студиото.

Почнувајќи од следната година, сите филмови на „Сони“ ќе се емитуваат ексклузивно на „Нетфликс“, по киноприкажувањето и нивното излегување во формат за домашна употреба. Како дел од зделката, „Нетфликс“ ќе има опција и за прв преглед за избор на филмовите на студиото за стрим-платформите.

Меѓу првите филмови кои ќе се појават на Нетфликс се „Morbius“, „Uncharted“, „Where the Crawdads Sing“ и „Bullet Train“.

– „Сони Пикчрс“ е одличен партнер и ние сме воодушевени што ги прошируваме нашите односи преку овој договор за планирање однапред, изјави Скот Стубер, раководител на филмовите на „Нетфликс“ во светски рамки.

Финансиските услови на петгодишниот договор не се објавени официјално. Сепак, според „Волстрит журнал“, зделката вреди неколку стотици милиони долари годишно, а вкупната вредност на договорот, веројатно, достигнува и милијарда долари. „Лајонс гејт“ – познатиот платен ТВ-канал ќе ги поседува правата за филмовите на „Сони“ до крајот на оваа година.

Коронавирус