сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 8
home ТВ и Филм

Нетфликс отпушта уште 300 вработени поради губење на претплатници

Нетфликс отпушта уште 300 вработени поради губење на претплатници

Компанијата Нетфликс објави дека ќе отпушти уште 300 вработени, најголем дел од САД, поради намалување на бројот на претплата и раст на конкуренцијата.

Ова отпуштање од околу четири проценти од работната сила на компанијата за стриминг на филмови доаѓа откако во април, Нетфликс го пријави првото губење на претплатници.

-Додека продолжуваме интензивно да вложуваме во работата, мораме да го повлечеме овој потег за нашите трошоци да бидат во согласност со успорениот раст, соопштуваат од компанијата.

Нетфликс има 220 милиони претплатници ширум светот и останува лидер на полето на стриминг сервиси, но се соочува со жестока конкуренција од Дизни Плус и Амазон Прај ВИдео.

Компанијата објави поскапување на своите услуги во САД, Велика Британија и други држави што влијаеше на падот на бројот на претплатници. Нетфликс соопшти дека очекува во наредните два месеци да загуби уште два милиони претплатници.

Коронавирус