понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 145
home ТВ и Филм

Нетфликс објави: Ова е нивната најуспешна серија на сите времиња

Нетфликс објави: Ова е нивната најуспешна серија на сите времиња

Неверојатни 82 милиони домаќинства ја следела историската љубовна романска од серијата „Bridgerton“. Нетфликс објави дека оваа нивна серија е најуспешна на сите времиња.

Серија која ја прикажува лондонската елита од 19 век ги освои гледачите ширум светот.

Потпретседателката на оделот за серии на Нетфликс, Џини Хауни изјавила дека отсекогаш сакала историски романси.

-За време на моите интервјуа во врска со Нетфликс ме прашуваа: „Да можете да направите било каква серија, каква би била и зошто?“. Во светот на поп култура во која доминираат научната фантастика и фантазијата, секогаш сум сакала убави романтични приказни. Можам да објавам дека „Bridgerton“ сега е најголемата серија на Нетфликс и тоа е остварување на сонот, изјавила таа.

„Bridgerton“ кралицата шарлот ја претставува како црномуреста која ја користи својата моќ за да влијае на широки промени во британското друштво.

-Вклучувањето на сите раси во серијата направи „Bridgerton“ да е достапна за сите и современа, заклучува Џини.

ЕУРО 2020

Македонија