понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Нема правда, има Бубамара“: Популарната манифестација на 27-ми февруари

„Нема правда, има Бубамара“: Популарната манифестација на 27-ми февруари

„Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари – „Нема правда, има Бубамара“. Вака од штабот на оваа најпопуларна манифестација го најавуваат новото, 23. издание на манифестацијата.

-Имаме милион и пол причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди Нашиот бројчаник врти напред , а кај некои други од позади. Дојдете со вашите ташни, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК! Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво. Рочиштето е закажано во четврток 27 февруари во арена „Борис Трајковски“. Нема правда, нема пара, ама има Бубамара, велат од штабот.

Коронавирус