петок, 20. април 2018. Вести денес: 156
home ТВ и Филм

Неговиот настап ќе скрши и камено срце: Илузионист расплака многумина со овој настап (ВИДЕО)

Неговиот настап ќе скрши и камено срце: Илузионист расплака многумина со овој настап (ВИДЕО)

Настапот на илузионистот Марк Спелман во шоуто „Британија има талент“ долго ќе се памти.

Додека сите други натпреварувачи главно биле видно нервозни при покажувањето на своите вештини и умеења, успешно или помалку успешно, Марк на бината се појавил потполно смирен и полн со самодоверба и покажал трик кој му обезбедил златно копче и директно минување понатаму во шоуто.

На жирито им поделил фломастер, книга, Рубикова коцка, боици и карти и им задал задача, потоа се вратил на бината и покажал како изгледа „вистинска магија“.

На видеоѕидот почнало да се врти филмче кое открило дека сопругата на Марк е болна од рак откако успеала после пет години, неуспешно вештачко оплодување, да забремени. Нивната ќеркичка Изабела ја преживеала хемотерапијата низ која мајка и минувала и се родила како здраво девојче.

Додека на видеоѕидот се менувале снимките од малечката Изабела, публиката и членовите на жирито плачеле и воодушевено гледале што се случува пред нив.

Видеото кое Марк го прикажал било снимано две години од животот на Изабела, а таа во него успеала да го погоди сето она што го избрало и жирито или добило од работите кои Марк им ги поделил на почетокот на настапот.

Залудно е некој дополнително да ви го опишува ова видео. Мора да се види и да се доживее. Уживајте и не ги кријте вашите емоции.