петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 28
home ТВ и Филм

На 7-годишна возраст заработувала 100.000 долари, а нејзината смрт е можеби најбруталната приказна меѓу славните

На 7-годишна возраст заработувала 100.000 долари, а нејзината смрт е можеби најбруталната приказна меѓу славните

Џудит Барси беше нереално дете, голема детска sвезда во 80-тите години, а нејзината мајка започнала да ја подготвува за нејзината кариера кога малото девојче имало само 5 години.

Родена е на 6 јуни 1978 година, а родителите на оваа некогаш позната девојка беа имигранти кои се запознаа во Лос Анџелес, каде што работеа.

Барса за прв пат се појави во неколку реклами и не помина долго време од нејзините први улоги во филмови и серии.

Глумеше, меѓу другото, во серијата „Вилици“, синхронизираше глас на ликовите од цртаните филмови и нејзината блескава кариера во Холивуд беше загарантирана. До своето четврто одделение од основно училиште, оваа девојка заработуваше околу 100.000 американски долари годишно.

Благодарение на нејзината заработка, семејството купи куќа во Лос Анџелес, и иако сè звучи како од бајките, почеток на одличниот живот, ништо не беше како што изгледаше …

Во еден момент нејзините родители сфатиле дека Џудит е прениска за нејзините години, па почнале да и даваат хормони, за таа да „порасне“.

Како што напредувала кариерата на Џудит, животот на нејзиниот татко Џозефер се влошувал. Тој се наоѓал во полоша состојба, па овој алкохоличар се заканувал дека ќе се убие себе си и семејството.

Тој честопати имал проблеми со полицијата поради возење во пијана состојба, а мајката на Џудит го пријавила во еден момент поради семејно насилство.

Заканите само се редеа, а Џозефер се заканувал и дека ќе ја запали куќата. Ниту физичкото насилство не престанало, но никој не реагирал.

Мајката на талентираната девојка ја однеле кај психолог за да и помогне со стресот со кој се соочува, а локалниот центар за социјална работа оценил дека нема причина за грижа.

Џудит се преселила во стан со нејзината мајка, а само неколку недели подоцна, полицијата пристигнала на адресата поради трагичен повод.

Имено, на 25 јули 1988 година полицијата објави дека пронашла тројца мртви во еден стан.

Се испостави дека станува збор за малата Џудит, нејзината мајка и татко.

Откако ги убил ќерката и сопругата, тој си пресудил и на самиот себе.

Ова злосторство е едно од најбруталните во историјата на Холивуд, особено поради фактот што девојчето имало само 10 години кога била убиено од оној што и го дал животот.

Локални избори 2021