четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Мрачна, бизарна, но и комична приказна: Новата серија сигурно ќе ви го задржи вниманието (ВИДЕО)

Мрачна, бизарна, но и комична приказна: Новата серија сигурно ќе ви го задржи вниманието (ВИДЕО)

Ова е најновиот проект на Нетфликс кој се вика „Russian Doll“ и се работи за комплексна сложувалка од дејствија. Меѓу креаторите на серијата се и Ејми Полер, Лесли Хедленд и Наташа Лион.

Лион е и главна ѕвезда на шоуто. Таа ја глуми Надја Вулвоков, жена од Њујорк која влегува во повторувачки дејствија секој ден, од моментот кога полни 36 години.

Според оние кои веќе ја следат серијата, таа може да им парира на „Westworld“ и „True Detective“, но и лесно да ги „прегази“.

Се работи за мрачна, бизарна и парадоксална, а во исто време и комична и сатирична приказна која сигурно ќе го задржи вашето внимание до самиот крај.

Нема да ви откриваме повеќе, но верувајте дека оваа серија е бегство од сите други.