петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home ТВ и Филм

Мишел Фајфер била првиот избор за улога во „Основен инстинкт”

Мишел Фајфер била првиот избор за улога во „Основен инстинкт”

По 25 години од премиерата на филмот „Основен инстинкт” на Пол Верховен, Мишел Фајфер откри дека таа, а не Шерон Стоун, била првиот избор за главната улога филмот.

Таа ја одбила оваа улога, како и легендарната сцена со прекрстувањето на нозете, што стана заштитен знак на кариерата на Стоун. Фајфер, инаку, ги одбила и главните улоги во филмовите „Убава жена” и „Телма и Луиз”.

– Точно, ги одбив тие улоги, но причините за тоа се бројни… Не дека едноставно не сакав да снимам некој филм, туку понекогаш има и судир на интереси ако веќе си се зафатил да работиш на некое друго остварување, рече глумицата за списанието „Тудеј”.

Нејзина последна улога беше во преработката на филмот „Ориент експрес”, а ќе се појави и во наредното продолжение на „Одмаздници“.