ТВ и Филм хорор-сага

Метју Лилард во „Врисок 7“

„Врисок 7“ треба да се прикажува од 27 февруари, следната 2026 година.

Метју Лилард во „Врисок 7“

Метју Лилард, кој се прослави со првиот филм од американскиот серијал „Врисок“ (Scream) од 1996 година, се враќа во седмиот дел од хорор-сагата што треба да се прикажува идната година.

Занимливо е тоа што младиот Стју, неговиот легендарен лик од пред скоро 30 години – умре… Или, барем така мислат обожавателите на еден од најпознатите хорор-филмови од крајот на 20. век. Но, сличен е случајот и со неговиот другар од првиот дел – Били (Скит Улрих) кој се врати во последните два филма од серијалот.

„Врисок“ ја постави кариерата на Лилард – на светско ниво. А, глумецот овојпат им се приклучи на старите познанички од првиот дел – Нев Кембел и Кортни Кокс, на Скот Фоли, Мејсон Гудинг и Јасмин Савој Браун, како и на новите лица – Изабел Меј, Селест О’Конор, Аса Герман, Мекена Грејс, Сем Рехнер, Ана Камп, Џоел Мекхејл и Марк Консуелос. Режисерот на досегашните шест дела, Кевин Вилијамсон повторно ја зеде режисерската палка в рака.

„Врисок 7“ треба да се прикажува од 27 февруари, следната 2026 година.

To top