ТВ и Филм ништо лично

Марија Спасовска во „Ништо лично“

Таа една од оние пејачки кои и припаѓаат на најновата генерација со потенцијал да бидат идни големи македонски музички ѕвезди. Млада дама која уште од детството ја освојува музичката сцена со својот глас, харизма и авторски печат.

Марија Спасовска во „Ништо лично“

Таа една од оние пејачки кои и припаѓаат на најновата генерација со потенцијал да бидат идни големи македонски музички ѕвезди. Млада дама која уште од детството ја освојува музичката сцена со својот глас, харизма и авторски печат.

Таа е пејачка, текстописец, инструменталист, некогашна ракометарка, а денес студентка и амбициозна млада девојка што го гради својот пат со страст и интегритет. Уметник што расте пред нашите очи, но со длабочина и зрелост каква ретко се среќава.

Нејзината кариера започнува од првиот нејзин настап на детскиот фестивал „Поточиња“ на 4-годишна возраст, преку своето прво ЦД со детски песни на 12 години и учеството на некои од најзначајните интернационални детски фестивали како што се Минск, Витебск („Славјански базар“) и Москва („Откритија Европа, откритија планета“), за конечно како круна на се’ да дојде нејзиното претставување на Македонија на Детската Евровизија во Минск – Белорусија со песната „Дома“ во 2018 година.

Учеството во неколку натпеварувања за млади таленти меѓу кои и регионалното IDJ Ѕhow ќе ја претстави на пошироката јавност, што ќе и донесе и една од улогите во мјузиклот за Тоше Проески – „Тајно моја“.

Сепак најголемата афирмација ќе ја дожовиее со своите авторски песни и појавувањето на сцената на најдолготрајниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“ во Штип, каде со своите одлични настапи ќе ја освои публиката, особено онаа – помладата, најавувајќи се себеси како уште една нова македонска ѕвезда што се раѓа.

Партиципацијата во проектот на обработки на познати македонски народни песни со родољубива и патриотска содржина „Македонијо, во срце те носиме“ само ќе ги потврди нејзните вокални ни естрадни кавлитети.

Паралелно со изведбата, таа компонира и пишува текстови, а едно време ќе биде и дел од светот на спортот како член на младата екипа на ЖРК Вардар. Но, музиката ќе преовладее, ама само како хоби кое силно ја исполнува, па затоа и нема да биде нејзин избор за студии и професионална определба.

Имено, од октомври 2024 студира бизнис, администрација и менаџмент на City College – Универзитетот на Јорк во Солун, каде што е прогласена за најдобар студент на генерацијата во првиот семестар на студиите.

Не престанува активно да ја гради музичката кариера како автор и изведувач, со континуирани настапи и нови авторски песни за себе и други. Продолжува со студиите во Солун и новите музички проекти како што е најавеното второ продолжение на проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Спонтана, искрена, насмеана, максимално посветена и истрајна во музиката и студиите, Марија Спасовска е мулти‑талентирана уметница веќе со богата музичка историја. Авторските дела и меѓународните настапи потврдуваат дека е еден од лидерите на нова генерација македонски авторки и поп‑пејачки.

Истовремено, посветена студентка, млад лидер и инспирација за многумина од нејзината возраст, која за себе и својата кариера, од „Поточиња“ до „Макфест“, од ракометни сали до концертни бини  ја раскажува својата приказна како поткаст гостин во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“  кај нејзниот и Ваш домаќин Антонио Димитриевски, чија премиера оди вечерва (среда, 25 јуни, 2025 година), во 20 часот на YouTube каналот на КурирМК (  .

Најнови вести од ТВ и Филм

To top