понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 135
home ТВ и Филм

Македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ открива каков ментор е Карлеуша: „Знае на вистински начин да ми ја крене самодовербата

Македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ открива каков ментор е Карлеуша: „Знае на вистински начин да ми ја крене самодовербата

И оваа сезона во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има неколку македонски кандидати кои ќе се борат да стигнат до финалето на музичкото шоу.

Еден од нив е и кумановецот Марио Арангеловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша.

Марио засега помина во третиот круг на шоуто, а наскоро со својот ментор ќе ги започнат подготовките во истиот.

Имено, Арангеловски во едно свое видео на Јутуб истакна дека бил изненаден од првиот менторски час и тоа колку менторите биле посветени на своите кандидати.

Во интервју за Гламур, Марио откри како поминува едно снимање на музичкото шоу.

„На последното снимање во Белград, покрај обврските околу настапот, одлучив да снимам и влог за мојот канал на јутуб. Па, топло им препорачувам на сите ваши читатели да тркнат таму и да го погледнат, за на еден вистински начин да ја почувствуваат таа тензија која владее помеѓу нас кандидатите пред настапот, но, и да видат што се се случува кога камерите се исклучени и како всушност изгледа студиото. Накусо, снимањата се многу напорни, особено за нас кои не живееме во Белград или Србија, генерално. Долг пат, проби, шминка, фризура, чекање…, вели Арангеловски.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Меѓутоа, Марио исто така откри каков ментор е Карлеуша, како заедно се подготуваат за песните и круговите.

Да, на мое огромно задоволство, Јелена Карлеуша ми е ментор. И на самиот почеток мора да напоменам дека ми е чест што имам можност да работам со неа и што ме поддржа уште во првиот круг, па со самото тоа имав можност да ја одберам за ментор. Инаку, вежбаме во Гранд продукција, во едно музичко студио. Мира Шкориќ е дел од екипата која работи со нас, а, наскоро ќе ни се приклучи и Ивана Петерс. Ние најчесто одиме со список на песни кои би сакале да ги пееме, тие ги селектираат оние кои сметаат дека се соодветни за нас, не слушаат, а потоа следува финалниот избор, со нивни препораки“ вели македонскиот кандидат за Гламур.

ФOТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Како Марио ќе се подготви за третиот кру и дали ќе ги добие сите гласови останува да почекаме.

 

извор: vistina.com.mk

Коронавирус