вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 139
home ТВ и Филм

Македонска компанија стои зад анимираното видео за Ед Ширан

Македонска компанија стои зад анимираното видео за Ед Ширан

Ед Ширан на неговата Фејсбук страница премиерно ја објави стрип-анимацијата за својот последен хит „Bad habits“ зад која во целост стојат македонските креативци од 351 Студио.

Видеото е изработено во стилот на стриповите од 60-тите и 70-тите години и доби одлични критики од фановите на Ед Ширан. Видеото е веќе достапно и на Јутјуб каналот на Ед Ширан, како и на останатите платформи за видео содржини.

Продукцијата на видеото на Ед Ширан е продолжување на успешната соработка која 351 Студио ја има со светските музички имиња како Bruno Mars, Cardi B, Wiz Khalifa, Migos, Clean Bandit, 21 Pilots, Tiesto, Ariana Grande, Zayn, Nicki Minaj и светските издавачки куќи Warner Music, Universal Music, Sony Music и нивните лејблови Atlantic Records, Capitol Records, Def Jam, Columbia Records, Ultra, Spinnin Records, Armada Music…

Синглот „Bad habits” беше официјално објавен на 25 јуни, а повеќе од два месеци е на број еден на британската топ листа и на врвот на речиси сите топ листи ширум светот.

Локални избори 2021