петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

Македонка ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

Македонка ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

Македонската пејачка Елена Миленковска на својот „Инстаграм“ профил соопшти дека го напушта регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

„Синоќа започна првата емисија од вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“ и сакам јавно да се обратам за моето понатамошно учество. Толку многу пораки ми стигнаа од вас со прашања дали ќе продолжам понатаму. Извинете што не ви одговорив, едноставно животот ми се промени и идниот мал член Маринковиќ уште сега ни задава многу обврски. Тука завршува моето учество. Пред мене се денови кои ќе ги паметам засекогаш и верувам дека се е онака како што треба да биде. Среќна сум за се што доживувам и едвај чекам да се реализирам во улогата на мајка бидејќи мислам дека тоа е најголем подарок.  Со нови сили повторно ќе се дружиме во следната сезона. Во меѓувреме, очекувајте многу нови работи од мене и мојот Гуте. Ви благодарам на поддршката и љубовта. Исто така многу им благодарам на моите фанови и фан страници кои ја следат мојата работа.  Бескрајно сум ви благодарна. Ве сакам.

Елена Миленковска Маринковиќ“, напиша пејачката на социјалните мрежи.

Инаку, Елена во претходната сезона на регионалното музичко шоу се запозна со нејзиниот колега Александар Гуте Маринковиќ со кој започна љубовна врска.

На почетокот на годината, Елена и Гуте официјално ставија потпис во матично, а и обелоденија дека ќе станат родители.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Имено, Елена е бремена, па токму тоа е причината поради која ги напушта „Ѕвездите на Гранд“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСРАГРАМ

За потсетување, Миленковска оваа сезона беше под менторство на Ѓорѓе Давид.