среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home ТВ и Филм

Македонец на чекор до милион долари: Погледнете со каков талент ова момче го освојува светот (ВИДЕО)

Македонец на чекор до милион долари: Погледнете со каков талент ова момче го освојува светот (ВИДЕО)

Дваесет и двегодишниот Мајкл Дамески, Македонец кој живеел во Австралија, синоќа стигна до финалето во познатото америкаснко шоу „World of Dance 2018“. Жирито, во кое е член е и светската ѕвезда Џенифер Лопез, и овојпат остана без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески.

Наградата за победникот на ова шоу изнесува еден милион долари, а Дамески е само на чекор од неа.

Мајкл Дамески е роден на 7-ми ноември 1995 година во Сиднеј од родители Македонци, татко Пеце и мајка Неда Дамески. Уште од рана возраст на шест години учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места.

Набргу го запишуваат на часови по танцување во школата за танцување на „Гленда Ји“, а од таму заминува во „Брент Студио“.

Дамески во 2008 година има учествувано и на „Златно Славејче“ со песната „Еден Танц“. Мајкл последниве три годни живее во Лос Анџелес, Калифорнија.