понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 18
home ТВ и Филм

Луѓето почнаа да бегаат во првите минути: Овој филм е толку страшен што ретко кој може да го гледа (ВИДЕО)

Луѓето почнаа да бегаат во првите минути: Овој филм е толку страшен што ретко кој може да го гледа (ВИДЕО)

Некои сцени од хоророт „The Nightingale“ биле премногу за публиката која тој филм го гледала во австралиските кина, пренесуваат тамошните медиуми.

„News“ пренесува дека гледачите го напуштиле киното во Рендвик после само 20 минути од проекцијата на филмот.

Филмот кој датира од 18-ти век, раскажува приказна за ирската осуденичка Клер, која се одмаздува за сè што се случило во нејзиното семејство.

Во првиот половина час може да се види сцена во која група мажи ја напаѓаат и силуваат Клер, а „News“ пренесува дека една жена во киното извикала: „Веќе видовме како еднаш ја силуваат, не мораме повторно!“

Повеќето гледачи не можеле да ги поднесат тешките сцени, па го напуштиле киното многу брзо после почетокот на проекцијата на филмот. Оние кои се задржале малку подолго во киното, сепак го напуштиле пред крајот, откако биле прикажани сцени во кои се малтретираат деца и бебиња и широки кадри од претепани лица.