четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Лоша вест за фановите на „Симпсонови“

Лоша вест за фановите на „Симпсонови“

Композиторот Дени Елфман (66) кој ј креираше познатата музика за култната анимирана серија „Симпсонови“, изјави дека следната сезона би можела да биде последна.

-Па, со оглед на она што го слушнав, на снимањето му доаѓа крајот. Не можам да кажам со сигурност, но слушнав дека ова би можело да биде последна година, истакнал и додал дека е воодушевен што воопшто траела волку долго.

Тој раскажал дека кога ја составил музиката за серијата, не очекувал дека воопшто некој ќе ја слушне бидејќи не мислел дека серијата има шанси да успее.

Серијата ја осмислил Мет Гроенинг во 1989 година и тој е ситком кој во Америка најголго се емитува.

Обожавателите на серијата се во шок. „Се собираат“ на социјалните мрежи со надеж дека ова е дезинформација, бидејќи крај на серијта, за нив, значи крај на нивното детство.