недела, 20. септември 2020. Вести денес: 22
home ТВ и Филм

Лила му се врати на Банкарот (ФОТО)

Лила му се врати на Банкарот (ФОТО)

Пандемијата со коронавирусот го измести светот од колосек, а ситуацијата како да не гледа светло низ тунелот.

И ТВ водителката Лила Филиповска, која најдобро ја знаете како водител на популарниот квиз на телевизија Сител, „Се или нешто“,претрпе промени, пред се професионални. Квизот „Се или нешто “ не се снимаше веќе неколку месеци.

Периодот додека правеше пауза од снимањата и додека траеше вонредната состојба, водителката го искористи времето за да направи работи за кои можеби претходно немала време, односно да се одмори, да прочита некоја книга, да поужива со своето милениче.

Но, кога олабавија мерките и беше укинат полицискио час, Лила ги спакува куферите и замина на плажа.

Па така, поради короната, ова лето нејзини дестинации беа Охрид и Албанија.

По долгиот, стресен период, Лила ги наполни батериите и е подготвена за новите работни активности.

Ако ви недостигал квизот „Се или нешто“ не грижете се. Лила му се врати на банакарот.

Имено, започнаа снимањата на 10тата сезона на квизот, а како што истакна самата водителка време е за враќање во реалноста.

Таа во текот на вчерашниот ден снимаше неколку емисии, а на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата во студиото.

На својот „Инстаграм“ таа сподели фотографија со познатата слушалка преку која комуницира со банкарот.

„Ало банкару. Продолжуваме со снимање и се гледаме наскороооо…“, напиша водителката, а за оваа објава доби илјадници лајкови.

Во кусите приказни на „Инстаграм“ таа сподели дел од атмосферата во студиото, па се е подготвено една од омилените водителки да се врати на телевизија, а гледачите да уживаат во квизот, а натпреварувачите да си ја пробаат среќата и да освојат што поголема сума на пари, а некој можеби и милионот.

Дали некој ќе ја има среќата оваа сезона да си замине дома со милионот, останува да видиме.

vistina.mk

Коронавирус