сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Легендарниот Алф се враќа во вашите домови преку малите екрани

Легендарниот Алф се враќа во вашите домови преку малите екрани

Компанијата „Warner Bros“ е во рана фаза на обновување на серијата „Алф“ за најпознатиот вонземјанин од планетата Мелмак кој многу сака да јаде и има одлична смисла за хумор.

Серијата за Алф се емитуваше од 1986 до 1990 година и стекна огромна популарност и култен статус.

Во оригиналната приказна, семејството Танер го вдоми вонземјанинот Алф откако неговиот вселенски брод се сруши на нивната гаража. Во текот на серијата Алф постојано се обидуваше да ја изеде мачката на семејството Танер.

Според првичните информации, приказната во продолжението ќе биде следна: Алф ќе побегне од Зона 51 каде го држат како заложник и ќе набљудува како светот е сменил од 80-тите години наваму. Продуцентите уште се во потрага по сценарист за новата серија.

Куклата Алф ја направи Пол Фаско во 1984 година и потоа му го даде гласот и карактерот.

Коронавирус